И денешниот ден на Меѓународните детски игри во Коња-Турција, беше успешен за македонските каратисти, кои освоија дав бронзени медали. Вегим Мурати во категоријата до 70 клиграми го освои бронзениот медал, како и Адријан Махмути во категоријата до 63 килограми и Вахик Весели.
Според нашите претставници, Мурати, Махмути и Весели прикажале квалитетни борби и заслужено ги освоиле медалите.
Да нагласиме дека вчера Кети Андоновска освои сребрен медал во кати, а Вјолца Гафури и Емилија Јаниќ во борби се закитија со бронзени медали.
Меѓународните игри во Коња се одржуваат по петти пат.
ipon.mk/В.Д.