Бронзен медал за Петар Спасеновски на Премиер лигата и виза Светското првенство (ФОТО)

Petar Spasenovski go grize medalot premier 2016

Петар Спасеновски го освои бронзениот медал во Истанбул на Карате 1 Премиер лигата во категоријата до 84 килогарми. Ова е прв голем успех во сениорска конкуренција на младиот каратист на Металург и чекирање на местото во репрезентацијата за Светското првенство во Линц, Австрија.

Petar Spasenovski na piedestal Premier 2016

Во борбата за бронзениот медал Спасеновски го совлада Иранецот Ехсан Хајдари со 4-2.

Петар пртехопдно ги совлада Турчинот Огузан Кабаскал 0-0, Гогита Арканија од Грузија 4-1 и победа на изјаснување со Анес Чонго од Босна и Херцеговина откако борбата заврши 4-4. Во полуфиналето загуби со 5-2 од Тургут Хасаснов од Азербејџан.

Petar Spasenovski bronaza Premier 2016

Во оваа категорија Сашко Патраклиев имаше две победи против Валери Чоботар од Украина 2-1 и Гохан Гондуз од Турција 5-1, а доживеа минимален пораз од Босанецот Мерис Муховиќ од 1-0.

Ако можев да станам сениорски државен првак во категорија до 84 килограми со моите 17 години, со наполнети 18 се чувствувам подготвенда победам на Премиер лигата во Истанбул, а на Светското првенство воЛинц да направам висок пласман, изјави пред одењето за Истанбул Спасеновски за Ipon.mk.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON