Михаела Мишовска освои бронзен медал бидејќи стартуваше од полуфинале, а Фахик Весели забележа најдобар пласман од останатите каратисти во сениорска конкуренција на Медитеранското првенство за кадети, јуниори и сениори во Олбија на Сардинија, Италија, пласирајќи се на петтото место во категоријата до 60 килограми.
Вкупно, Македонија освои три медали, Данка Стојкова златен и Јована Мначевска бронзен во кати на плажа за натпреварувачки над 16 години.
На Медитеранското првенство настапуваат 409 натпреварувачи, со 475 влезови и 18 тима.
Резултати – Медитеранско првенство:
-60 кг
Вахик Весели – Кристијан Сабатино(Италија) 0-2 ¼ финале
Репасаж
Вахик Весели – Микеле Калини (Сан Марино) 0-6
За бронза
Вахик Весели – Кристос-Стефанос Ксенос (Грција) 0-5
-67 кг
Матеј Белистојаноски-Лука Викенти (Сан Марино) 7-0 1/8
Матеј Белистојаноски- Ставрос Хараламбидес (Кипар) 4-5
-67 кг
Давид Петков-Фернандо Химено Делестал (Шпанија) 0-1 1/8
-75 кг
Мурсел Мисини – Костас Константину (Кипар) 4-0 1/8
Мурсел Мисини – Хоан Клопез Хуст (Шпанија) 3-4
+84 кг
Стефан Стојановиќ-Срѓан Јовановиќ (БиХ) 3-3 1/4
-50 кг
Полуфинале
Михаела Мишовска-Ема Колети (Италија) 2-11
-55 кг
Симона Заборска-Соња Вилабос Переира (Шпанија) 1-3 1/4
-61 кг
Тамара Ѓурчиноска-Марија Лопез Еспиноза (Шпанија) 1-9 1/8
-68 кг
Ангела Мојсовска-Леа Вукоја (Хрватска) 2-3 ¼
Репасаж
Ангела Мојсовска- Ана Пија Десидеро (Италија) 6-10
Кати
Сениори
Јована Манчевска – Касандра Сампиери (Франција) 23,10-23,20
Јуниори
Данка Стојкова – Лара Јурчевиќ (Хрватска) 22,20-22,70
Машки кумите тим
Македонија – Франција 1-3
Женски кумите тим
Македонија – Италија 2-0
Македонија – Шпанија 0-2