Емил Павлов го освои бронзениот медал на првите Европски игри Баку 2015, тој во борбата за бронзен медал го совлада Марко Антиќ од Србија со 2:0 во категоријата до 60 килограми.
Павлов е првиот спортист кој настапи на игрите во Баку и на Македонија и го донесе првиот медал кој можеше да биде и со поинаков сјај. Нашиот репрезентативец во полуфиналето водеше со 4:2 против Фарзалиев од Азербејџан на 3 секунди пред крајот, сепак направи несфатлива грешка, излезе од борилиштето со двете нозе и беше дисквалифкуван, победата му беше доделена на каратистот од Азербејџан.
И покрај ова, за Павлов и Македонија голем успех е освојувањето на бронзениот медал.
ipon.mk/В.Д.