Елмедин Сејфулаху (-57 кг) на силниот меѓународен турнир за младинсци до 23 години „Петре Сираков“ во Бугарија го освои бронзениот медал.
„Нашиот борач, Елмедин Сејфулаху, се бореше за бронзениот медал со Грузиецот Роберто Дингашвили. Во една изедначена и интересна борба тој победи со 5-4 и го освои бронзениот медал на овој силен меѓународен турнир“, изјави слекеторот на репрезентацијата Тони Танчев.
Во првото Сејфулаху коло загуби од Грузиецот Ванишвили, а во второто беше подобар од Бајрам Шабан од Бугарија со 12-4, па во борбата за трето место беше подобар од Дингашвили со 5-4.
Раиф Камбери, во категорија 61 килограм, со една победа и два порази се најде на 4. место, додека Иван Јанев и Стефан Никовски по првите две кола беа поразени.
На турнирот учествуваат 19 држави со 250 борачи.
Ipon.mk/В.Д.