На силниот Европскиот џудо куп за кадети во Берлин, Германија, овој викенд, Абреша Реџепи (-48 кг) е поразена со јуко од Германката Малин Фишер. Димитар Колев (-60 кг) е совладан со ипон од Александер Вегеле од Германија.
Тетовката Блерина Сефери (- 52 кг), која од минатата година се натпреварува за германската репрезентација, го освои бронзениот медал.
Сефери во првата борба ја победи Италијанката Софија Барбони со еден ипон и едно јуко сперма едно јуко на противничката. Во второто коло исто така славеше со еден ипон и еден јуко на Рос Деурло од Холандија, додека во третото беше поразена од Србинката Надежда Петровиќ со по еден ипон и вазари наспроти нејзиното јуко. Во репасажот најпрво ја победува Холанѓанката Даник Јансен со вазари и јуко, потоа и Французинката Лалу Лабрун, која имаше казнен поен. Во решавачкиот меч за бронзениот медал е подобра од Аника Вуерфел од Греманија со вазари.
Учествуваа 647 натпреварувачи од 36 држави.
Ipon.mk/В. Д.