Македонскиот борач Адил Адили во слободен стил на Меѓународниот турнир во Париз во категоријата до 61 кг го освои бронзениот медал откако со 7-0 го совлада Ренди Андрија Вок од Швајцарија.
Во четвртфиналето Адили со 12-0 го совлада Шритоф Роберт Бернард Фибац од Франција, а во полуфиналето загуби од Грузеицот Шота Партенадѕе со 12-2 (ТТ).
Адили настапува во француското првенство УС Метро, каде што е тренер неговиот татко Хамди Адили, а во Македонија за екипата на БК Скопје.
Ipon.mk/В.Д.