
Мила Рељиќ уште еднаш докажа дека е меѓу најдобрите во својата категорија и може да победи која било противничка.
По 5 борби освоен е бронзен медал на Европскиот президент Г-3 куп во Нирнберг, Германија.
„Милијана во првото коло ја победи Натали Тадиќ од Хрватска со 2-0 во рунди. Во второто коло Мила беќе поуспешна од Ингибјорд Греташтодир од Исланд. Во борбата за медал по исцрпувачка борба со oлимпијката Чаима Тоуми од Тунис. Мила во последна секунда успеа да изнуди 5-та техничка грешка и така со 2-1 во рунди освои бронзен медал. Во полуфиналната борба Мила се сретна со олимписката шампионка од Париз Вивијана Мартон од Унгарија со 2:0 во рунди. Иако за половина час Мила имаше 3 тешки борби сепак достојно се држеше со најдобрата во светот. Да бевме поодморени и ќе можевме повеќе да и парираме дури и да ја победиме. Ова се нови 14,4 поени кои ќе се придодадат на новата ранг-листа која стартува на 1 јули за поени за Лос Анџелес 2028 и поените на Мила ќе и се вратат во нејзината олимписка категорија -57 кг со која направи извонреден резултат во Париз 2024 на Олимписките игри. Имено во петокот Мила се бореше и на Гранд при Г-6 митингот во Рим, во -67кг која е превисока категорија за нас и во првото коло загуби од олимписката вицешампионка Александра Перишиќ од Србија со 2-0 во рунди, иако и таму има освоено 6,5 поени тие нема да се сметаат за нејзината олимписка категорија“, вели тренерот Алекасандар Ефтимов..



