Бронзата на Берна Шерифовска е првиот медал за Македонија во јуниорска конкуренција на инетрконтинентален џудо куп

 

Берна Шерифовска го освои првиот медал за Македонија на едем интерконтинентален џудо натпревар  во јуниорска конкуренција. Шерифовска (-57 кг) денеска го освои бронзениот медал на Африканскиот куп Тунис 2018.

Берна загуби само една борба и тоа од многу силна натпреварувачка од Африка која учествуваше на Грен слем турнирот во Дизелдроф.

И Борче Ангелов настапи во категоријата до 66 килограми, за жал, немаше среќа, загуби две борби.

Вчера Хамза Јашари во категоријата до 66 килограми и го освои сребрениот медал.

Нашите џудисти ги води Габриел Сапта кој е ангажиран од Македонскиот олмписки комитет.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON