Бронза за женската кадетската џудо репрезентација на „Србија опен 2019“ (ФОТО)

Женската кадетската репрезентација го освои бронзениот медал на Меѓународниот џудо турнир „Србија опен 2019“ во Белград.

Во конкуренција на четири екипи нашата репрезентација е поразена од екипите на Србија – А и Србија – Б, а со Дробета Турнисеверин од Романија борбата заврши 3-3, а по влечењето на жрепка, повторно се бореа натпреватувачките во категоријата до 48 кг, при што Теодора Димеска ја победи Стефанија Станицу и Македонија победи со резултат 4-3 и го освои бронзениот медал.

Машката репрезентација во конкуренција на 13 екипи беше во А-група  со екипите на Србија – А, ВГСК Велико Градиште и Раковица – Белград. Првото место и влезот во финалето го избори тимот на Србија – А, а нашиот состав беше поразен и не успеа да влезе во полуфиналето или во финалето.

За Македонија настапија: Ангелески Христијан -60 кг, Цаневски Валентин -66 кг, Талески Антонио -73 кг, Глигороски Христијан -81 кг, Најдоски Јован +81 кг, Димеска Теодора -48 кг, Ема Димитријоска -52 кг, Марија Талеска -57 кг, Фејзула Румејса -63 кг и Колева Благица +70 кг.

Претходно, на 21 и 22 ноември се одржа меѓународен џудо камп, репрезентативците имаа по два џудо тренинга на ден.

„Нашите репрезентативци со срце ги бранеа нашето знаме и боите на нашата држава, среќен сум што оваа нова генерација во кадетска конкуренција полека но сигурно зачекорува по стапките на повозрасните репрезентативци со кои сум се радувал на многу наши заеднички успеси. Машките беа поразени, но имаа секој по три меча со своите врсници со кои можеби ќе се сретнат на некој европски куп или официјално европско или светско првенство, што за нив е одлично. Женските ги избубија двата меча против Србија – А и Србија – Б, но ја поберија екипата на Дробета Турни Северин од Романија и се закитија со бронзата. Ќе потенцирам дека бронзениот медел за овие млади девојки ќе значи поттик повеќе за нивната иднина, ова е само уште еден показател дека нив им претстои светла иднина. Ја користам оваа прилика да им честитам и на машката и на женската екипа за борбеноста и успехот кој го направија. На крајот од името на репрезентативците и од мое лично име се заблагодарувам на раководството и на нашата џудо федерација што ни овозможија учество на еден ваков настан од висок ранг“, изјави селекторот на јуниорската репрезентација Горан Мицкоски кој ги предводеше репрезентативците на овој турнир.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON