Ангела Мојсовска освои бронза и го зголеми билансот на освоени медали за Македонија на 6 одличја – 1 златен, 1 сребрен и 4 бронзени на Балканското карате првенство за сениори во Будва, Црна Гора.
Ердона Зибери се бореше за бронза но беше поразена од репрезентативката на Косово со 0-2.
Да потсетиме дека Јована Мицовска освои златен медал во категоријата до 61 килограм откако во финалето ја совлада клупската другарака од Макпетрол Викторија Јовановска со 3-4. Така, со медалот на Мојсовска макпетролци до сега се закитија со три одличја.
Со бронзи се закитија Михаела Миповска, Сара Дука и Магдалена Божиновска.
Резултати Балканско првенство за сениори:
-68 кг
Ангела Мојсовска – Леа Вукоја (Хрватска) 8-5
Ангела Мојсовска – Бријана Маница (Романија) 8-1
Ангела Мојсовска – Дуња Рајиќ (Србија) 8-5
Ангела Мојсовска – Илма Рахмановиќ (БиХ) 4-7
За бронза
Ангела Мојсовска – Матеа Калмар (Србија) 2-1
Ера Коџа – Елмедина Истогу (Косово) 1-6
+68 кг
Ердона Зибери – Маријам Захране (Црна Гора) 5-3
Ердона Зибери – Николина Голомбос (Хрватска) 1-7
За бронза
Ердона Зибери – Фортеса Орана (Косово) 0-2
Греса Мустафаи – Ивана Перовиќ (Србија) 0-4
-60 кг
Фаик Весели – Нино Донадиќ (Хрватска) 0-0
Недим Шаќири – Фарук Кадриќ (БиХ) 0-0