Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија и сегашна ѕвезда на ВВЕ, Брок Леснар, даде коментар за најпознатиот женски борец на УФЦ-Ронда Русеј. Тој даде доста интересна изјава:
„Се гледа, таа е исклучително силен спортист. Апсолутно ги иритира сите. За мене, таа е како маж меѓу жени во женска категорија. Ја симнувам капата пред нејзе – исклучителна е. Да го гледаш секој меч е наслада за твоето око.
Не знам како успева да го направи сето ова – доминира со секого што ќе се соочи со неа, отиде во Бразил и и го исклоца задникот на локалната ѕвезда со нејзиниот бескомпромисен стил. Честитки Ронда, се поклонувам пред твоите способности.
Таа е како животно во својата категорија – супер човек меѓу другите борци“.