Пресметка за британската титула во средна категорија меѓу Крис Јубанк и Ник Блеквел заврши во десетата рунда откако официјалниот доктор покрај рингот процени дека Блеквел не може да ја продолжи борбата.
Блеквел заработи многу директни удари од својот противник, а по проценката на докторот дека има крварење на едното око, веднаш бил пренесен во болница каде лекарите откриле дека има внатрешно крварење. Боксерот сега е во индуцирана кома, а лекарскиот тим засега не планира оперативен зафат поради стабилизирањето на отокот и крварењето.
Неговиот противник по борбата изјавил дека е среќен за победата, но истовремено жали за ваквиот исход и според него судијата порано требало да ја прекине пресметката откако се забележувало дека Блеквел заработил сериозна повреда на лицето.
Дуелот предизвика многу реакции на социјалните мрежи, а со порака се јави и актуелниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури.
will u all pray for @nickblackwell02 please ASAP as he has been taken to hospital, God be with him,
https://youtu.be/1di9WHHgVXM