Британска ММА ѕвезда доби борба можеби со најатрактивната ММА техника (ВИДЕО)

 

Педи Пимблет е новата ѕвезда на британското ММА откако завчера во Ливерпул на „Кејџ вориорс“ настанот изведе фантастично атрактивен потег кој предизвика големо внимание – “flying triangle armbar”..

23-годишниот Пимблет го победи 22-годишниот борец Алексис Савидис (Грција) со фантастичен потег додека беше „притиснат“ на мрежата – скокна на противникот и со триаголник го преврте и му направи полуга и го натера да се предаде.

23-годишниот Пимблет ја одработи својата прва борба по април минатата година кога доживеа изненадувачки пораз од Над Наримани, исто така во Ливерпул, на настанот на Кејџ Воиорс 82. За враќање не сакаше ништо друго освен истото место на случување, а потоа возврати на најдобар можен начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО