Шенон Бригс уште еднаш налета на Владимир Кличко. Тоа се случи во тренинг салата, додека Украинецот зборуваше со легендите Ивендер Холифилд и Мајкл Мур. Скандалозниот Американец се појави полугол, за уште еднаш да ја покаже својата мускулатура. Тој направи вообичаено шоу пред камерите со неговата култна реплика „Let’s go champ“. Кличко се обиде да направи шега со него, велејќи му дека нема не носи чевли.
По размената на неколку нервозни реплики, двајцата уште еднаш се зграбаа, но искрите брзо беа згаснати. Украинецот изгледаше многу изнервиран и беше подготвен да се тепа, при што го промени тонот на гласот.