Владимир Кличко, најверојатно, ќе се соочи против Американецот Шенон Бригс во април следната година. Според сајтот Fightingnews.com, во моментов течат преговорите за борбата, чиј награден фонд ќе биде 20 милиони долари. Се очекува мечот да биде во Лас Вегас.
Идејата средбата да биде во САД е на легендарниот промотор Дон Кинг. Тој сака да ја засили популарноста на бобите во тешка категорија во САД, каде што нема силен боксер во оваа тежинска категорија со години, пишува „Меридијан меч“.
Како што е познато, скоро една година Бригс му предизвикува секакви инциденти на Кличко, за што се тврди дека тоа е маркетиншки трик. Последниот американски шампион во тешка категорија се појави и во Хамбург на 15 ноември, каде Владимир ја одбрани светската титула во верзијата ИБФ против Бугаринот Кубрат Пулев, кого го нокаутира 49 секунди пред крајот на петтата рунда.