На настанот „ОНЕ сенчери“ во Токио, се водеше борба меѓу шампионот во средна и полутешка категорија против првакот во тешка категорија.
Борбата се водеше за појасот во полутешка категорија, додека помалиот борец, ѕвездата на Мјанмар, Аунг Ла Н Санг (26-10-1НЦ) во втората рунда го нокаутира поранешниот борец на УФЦ и ОНЕ шампион во тешка категорија Брендон Вера (16-8-1 НЦ).
Бибијано Фернадес (24-4) по трет пат во четвртиот натпревар го совлада Кевин Белингтон (20-7) и ја одбрани титулата во бантам. 39-годишниот Бразилец осум години помладиот Филипинец го заврши давење од позади во втората рунда.
Во останатите мечеви на 100-тата манифестација на ОНЕ Шиња Аоки (44-9-1НЦ), Д’Арце давење за 54 секунди го победи Хонори Банари (14-10).
Родтанг „Железниот човек“ Џитмангнон со поделена одлука ја одбрани титулата во мај тај во мува категорија на против Бразилецот Валтер Гонкалвес.