Брендон Морено го брани појасот против борец кој двапати го победи?

Се чини дека Мексиканецот Брендон Морено ќе го брани појасот на шампионот на УФЦ во мува категорија против бразилскиот борец Александре Пантоја.

Нивното соочување треба да биде на програмата на УФЦ 290 настанот кој е закажан за 8 јули.

Александре Пантоја има три победи во низа, а во својот последен меч во јули минатата година, во првата рунда го совлада Алекс Перез со принуда (гушење на вратот).

Интересно е што Бразилецот двапати се бореше против Морено и двата пати беше поуспешен.

Првиот меч го имаа во август 2016 година на Ултимејт Фајтер натпреварувањето, кога Пантоја победи со завршница во втората рунда, но тој меч се води аматерски.

Но, во мај 2018 година повторно се сретнаа во октагонот на УФЦ, а Бразилецот го победи Морено со едногласна одлука.

Мексиканскиот борец многу се подобри во последниве години, а посебен пробив направи во четири директни борби со Деивсон Фигуердо.

Во јануари Брендон Морено го победи Фигуеиредо со прекин по третата рунда и повторно го освои златниот појас на УФЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMA ™ (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON