Шауб: Ако Мек Грегор не издржи 12 рунди, ќе објавам фотографија од мојот пенис! (ВИДЕО)

Поранешниот УФЦ борец, а денес комичар и аналитичар, Брендан Шауб, поприлично се соживеа со улогата промотор на бокс мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор. Уверени е дека Ирецот многу добро ќе пројде во тој меч, Шауб од почетокот ги повикува заинтересираните да се обложуваат против неговите прогнози, а на познатиот бокс аналитичар Макс Келерман му понуди облог од 100.000 американски долари дека Мек Грегор ќе победи најмалку во една рунда.

Поранешниот УФЦ-овец смета дека Мек Грегор ќе биде подобар од Флојд во неколку рунди, а доколку не издржи 12 рунди, понуди интересен облог…

„Мек Грегор ќе победи најмалку во една рунда. И не би се чудел да биде подобар во две или три. И тоа на почетокот на мечот. Ќе ви испратам фотографија од мојот пенис, ако не да издржи 12 рунди. Веќе зажалив што го реков тоа. Но, тоа ќе биде добра фотографија, ќе анагажирам професионални фотографи“, објаснува и заклучува:

„Ако некој доживее нокаут во таа борба, тоа сигурно нема да биде Конор. Тоа ќе биде Флојд. Ако некој биде нокаутиран, тоа е Мејведер“.

Борбата на Мејведер и Мек Грегор е закажана за 26 август во Лас Вегас.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON