Поранешниот воен и ММА борец Бреин Штен е на мислење дека Реј Борг може да го тужи Конор Мек Грегор за 5-6 милиони долари поради проблем со окото, предизвикан од испадот на Конор Мек Грегор.
„Реј Борг, кого го познавам, е борец кој може да се бори со секого во секое време. Но сега, по сè што се случи, тој нема како да ризикува видот – може да е фатално и да го загуби за цел живот . Ако лекарот му каже дека има шанса, ако се бори, да го изгуби видот, нема причина да се бори. Еден од неговите тренери, Мајк Винкелџон го загуби видот по удар во окото.
Во оваа ситуација има право да се суди со Конор и може да му земе 5-6 милиони – тоа нема да му се допадне на Ирецот, но ќе му биде лекција. Ќе научи да се контролира“.