Бразилскиот каубој од УФЦ нападнат со граната

Бразилскиот УФЦ борец, Алекс Оливеира – Каубој е погоден со граната откако се вратил во родниот град Рио де Жанеиро, три дена по борбата против Гунар Нелсон. Така, извесно време од бадниковата вечер ја помина во болница каде му беше изваден дел од граната.

„Некој тип му впери пиштол на мојот внук, тогаш почнаа несогласувањата. Имаа мечеви, ножеви, гранати“, вели Оливеира

Во болницата му беше изваден дел од гранатата од стапалото, а потоа е пуштен на домашно лекување. Полицијата во неговиот му зеде изјава за настанот, но се уште не е познат мотивот за нападот и напаѓачите не се фатени.

„Бев во автомобил и одев да наполнам гориво. Ги видов членовите на семејството како се расправаат со некого. Откако еден од групата впери пиштол во мојот внук, се вмешав и кон мене беше фрлена граната. Дел од неа заврши во мојата нога“, објасни УФЦ борецот.

Алекс Оливеира е еден од најпознатите бразилски УФЦ борци, во кариерата има 19 победи и само шест порази, а се бори во велтер категорија. Израснал во градот Трес Риос, оддалечен 80 километри од Рио. Во младоста бил јавач на диви коњи од каде го доби прекарот „Каубој“.

Пред три недели се бореше со Гунар Нелсон и загуби во втората рунда, а потоа се врати во Бразил за да се одмори.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON