Братот на Гокан Саки уапсен во Дубаи во меѓународна акција за криумчарење на дрога (ВИДЕО)

Братот Гокан Саки е уапсен во Дубаи во рамките на една од најголемите акции против организираниот криминал во историјата на Австралија.

Според изјавата на Австралиската федерална полиција, како дел од истрагата на семејство Ибрагим од Сиднеј, кое осевн што има ноќни клубови, се сомничи и дека со децении ракводи со меѓународен нарко бизнис, во Дубаи е уапсен 41-годишниот Нејми С.

С. е со турско потекло и е роден во холандскиот Шидам. Брат е на познатиот Гокан Саки кој во моментов живее во Дубаи и се подготвува за неговото деби во УФЦ во септември.

Со уште неколку други лица уапсени во Холандија, братот на славниот борец е осомничен дека во Австралија прошверцувал 1.000 килограми на MDMA, 116 килограми кокаин и 15 килограми метамфетамин.

Австралиските медиуми посветуваат големо внимание на овој случај, бидејќи браќата Џон, Михаил и Фади Ибрахим со децении ги сметаат за врв на австралиското подземје и се познати по луксузниот живот.

Мајкл и Џон исто така се уапсени во Дубаи.

Овој град многу криминалци од Италија, Мароко, Шпанија, Холандија и Велика Британија го бираат затоа што власта не е склона да соработуваат во случаите на екстрадиција. Покрај тоа, силната контрола на оружјето ја намалува грижата за можните нарачани убиства.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON