Габриел Брасеро (24-2, 5 КО) и Дени О’Конор (26-3, 10 КО) првата борба ја имаа во 2011 година, а тогаш славеше Брасеро по осум рунди со судиска одлука.
Нивниот реванш во Ловел, Масачусетс, траеше многу пократко, а победникот беше ист.
Брасеро не е нокаутер, ова беше само петти во 26-те борби, но она што го направи ќе го прогонуваО’Конор до крајот на животот.
Само за 41 секунда Брасеро со брутален нокаут со десното кроше го реши О’Конор, кој е еден од најдобрите нокаути што го видовме оваа година.