Дерек Брансон (22-7) го победи Кевин Холанд (21-6) во главната борба на УФЦ на ЕСПН 21 што се одржа во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите. На американскиот ММА борец ова му е четврта победа во низа. Брансон во сјајна борба покажа одлично борење, нешто што пособено го истакна по мечот.
„Едноставно не можеше да го запре моето рушење. Тој е експлозивен борец кој знае како да налета, но и да се извлече“, изјави Дерек Брансон.
Во коглавната борба со нокаут во првата рунда Макс Грифин стигна до триумфот над Сонг Кенан. Убедлив беше и Адријан Јанез, кој со нокаут го победи Густаво Лопез во третата рунда.
Резултати, УФЦ на ЕСПН 21:
Дерек Брунсон – Кевин Холанд – едногласна одлука на судиите (49–45, 49–46, 49–46)
Макс Грифин – Сонг Кенан – КО, Р1 (2:20)
Монтсерат Руиз – Чејан Бајс – едногласна одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–27)
Адријан Јанез – Густаво Лопез – КО, Р3 (0:27)
Таи Туиваса – Хари Хунсакер – ТКО, Р1 (0:49)
Воведни борби:
Мејси Киасон – Марион Рено – едногласна одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–28)
Грант Доусон – Леонардо Сантос – КО, Р3 (4:59)
Тревин Гилес – Роман Долиџе – едногласна одлука на судиите (29–28, 29–28, 29–28)
Монтел Џексон – Џеси Стрејдер – ТКО, Р1 (1:58)
Бруно Густаво да Силва – ЈП Бајс – TKO, Р2 (2:56)