Во првата борба од јуни 2015 година и истекот на суспензијата поради падот на допинг-тестот, Лиото Мачида (22-8, 14-8) е поразен со нокаут.
39-годишниот Бразилец во главната борба на УФЦ Фајт најт 119 го доживеа третиот последователен пораз по две и пол минути борба со Дерек Брансон (18-5, 9-3 УФЦ).
https://youtu.be/zDDNSbPt1JY
https://youtu.be/sFCPP3jrXlM
Брансон за победата доби и бонус од 50.000 долари за изведба на вечерта. Истата награда ја доби и Педро Мунхоз (15-2-1, 5-2-1 УФЦ) кој со гилотина првата рунда против Роб Фонтвија (14-3, 4-2 УФЦ).
https://youtu.be/Qg_GaiRwjao
Колби Ковингтон (13-1, 8-1 УФЦ) ја забележа победата на кариерата, надминувајќи ги проблемите на стартот и кршејќи го со темпото Демијан Маја (25-8, 19-8 УФЦ). На 39-годишниот Бразилец ова му беше првата борба по поразот од Тајрон Вудли за титулата.
https://youtu.be/_Hg56N5pDOw
Елисо Залески дош Сантос го победи Макс Грифин по три рунди, а и двајцата се наградени со бонсу за борба на вечерта.
Џон Линекер со едногласна одлука славеше против Марлон Вере, додека Тиаго „Марета“ Сантос го победи Џек Хермансон во првата рунда од техничкиот нокаут и ја прекина неговата низа од две победи.
УФЦ Фајт најт 119:
Дерек Брунсон – Лиото Мачида (KO, Р1)
Колби Ковингтон – Демијан Маја (едногласна одлука на судиите, 29-27, 30-27, 30-26)
Педро Мунхоз – Роб Фонтвија (сабмишн, давење со гилотина, Р1)
Франциско Тринали – Џим Милер (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Тиаго „Марета“ Сантос – Џек Хермансон (TKO, Р1)
Џон Линекер – Марлон Вера (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 29-28)
Висенте Луке – Нико Прајс (сабмишн, Д’Арче-чаук, Р2)
Антонио Карлос Жуниор – Џек Маршмен (сабмишн, давење од позади, Р1)
Џаред Гордон – Хакра Дијас (едногласна одлука на судиите, 29-26, 29-27, 30-26)
Елисо Залески дош Сантос – Макс Грифин (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-27, 29-28)
Дејвидсон Фигуередо – Џаред Брукс (поделна одлука на судиите, 27-30, 29-28, 29-28)
Марсело Голм – Кристијан Коломбо (сабмишн, давење од позади, Р1)