Поранешните светски боксерски шампиони, браќата Кличко, Владимир и Витали, открија дека постојано биле во искушение од предлозите за промена на државјанството. Сепак, легендарните боксери остануваат лојални на својата татковина Украина.
„Првата понуда дојде во 1992 година. Потоа станав светски шампион во кик бокс. Дојде канадски промотор и ми понуди да одам со него. Сe уште учев тогаш, брат ми беше мал, не можев да оставам сe и само да си заминам“, рече постариот брат на Кличко.
Во 1996 година, помладиот брат на Кличко, Владимир, зачекори на највисокото скалило на Олимпијадата во Атланта. По триумфот дојдоа предлози за промена на пасошот.
„Веднаш по Олимпијадата, пристигнаа понуди. Многу, многу предлози, но ништо нема да ја промени бојата на мојот пасош“, рече Владимир.
Поранешниот професионален боксер и актуелен градоначалник на украинската престолнина Киев – Витали, признава дека има две државјанства, но никогаш не би се откажал од украинското.
„Имаше официјални предлози потпишани од водачите на партиите, градовите, службени писма, но што ќе ми го промени животот? Признавам, имам две државјанства – советско пред многу години и украинско“, рече пратеникот.
„Ако се откажам од украинско државјанство, како тоа ќе влијае на мојата земја и моите сонародници? Како ќе го прифатат? Нема да можам да се погледнам во огледало ако го направам тоа“, рече Витали.
Во 2016 година, Витали Кличко беше удостоен од Светскиот боксерски совет (ВБЦ) со титулата „Вечен светски шампион во тешка категорија“.