Браќата Илхан и Ајхан Озмен и Ардијан Аземи ќе ги бранат боите на Македонија на ЕП во Будва

Тројца македонски репрезентативци ќе настапат Европското боксерско првенство за јуниори (17 и 18 години) во Будва, Црна Гора, од 14 до 22 ноември.

Боите на Макеоднија ќе ги бранат браќата Илхан и Ајхан Озмен од БК Универзалци и Ардијан Аземи од БК Шкупи.

Нашата репрезентација ќе ја предводат искусниот АИБА сертифициран тренер Васко Цубалевски и тренерот Насер Харуни кој имаше извонреден успех со Аземи на минатогодишниот силен Меѓународен боксерски турнир „емил Жечев“ во Бугарија освојувајќи го златниот медал, а на Европското првенство во Романија изгуби со ќудна одлука на судиите.

„Репрезентативците се во сјајна форма која ветува одличен успех. Инаку овие наши боксери се носители на медали од Светскиот куп на нации кој се одржа минтата година“, велат од репрезентацијата.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON