Ник и Нејт Дијаз тренираат напорно и се подготвуваат за враќање на борбите. Тие објавија фотографии на социјалните мрежи да ги инспирираат нивните обожаватели.
Ник (37) не се борел скоро шест години. Во својата кариера, Ник успеа да ја освои титулата на Страјкфорс и ја одбрани 3 пати. Два пати можеше да стане шампион на УФЦ, но загуби од Карлос Кондит и Жорж Сент Пјер. Во последните 7 години Ник направи само една борба во која загуби од Андерсон Силва со одлука на судиите, но двајцата паднаа на допинг тест и победата беше поништена.
Нејт,пак, се врати по тригодишно отсуство кон крајот на минатата година. Со одлука на судиите го победи Ентони Петис, а потоа имаше борба со Хорхе Масвидал за да потврдат кој е најлошото копиле во ММА. Масвидал победи со технички нокаут откако доктор не му дозволи на Дијаз да ја продолжи борбата. Неодамна имаше информација дека УФЦ планира реванш меѓу нив во наредните месеци.
Comeback Season 2️⃣0️⃣9️⃣
(📷 @ScottHirano) pic.twitter.com/VITjqpYD0k
— ESPN MMA (@espnmma) September 13, 2020