АктуелноБоксПрофесионален

Браќата Кличко загубија голем договор во Германија

brakata klicko so zenite 2

Една од најпознатите германски компании за пиво „Варштајнер“ се откажа од соработка со украинските браќа Виталиј и Владимир Кличко, соопшти германскиот весник „Ди Велт“.

„Во моментов соработката со Кличко за нас не е актуелна“, изјави сопственичката на пиварницата Катарина Крамер. Причините за одбивањето од понатамошната соработка со браќата, поранешни светски професионални шампиони во бокс во тешка категорија, не беа прецизирани од сопственичката Крамер.

Ново лице на компанијата наместо Виталиј и Владимир Кличко, стана германскиот фудбалски тренер Јирген Клоп, во моментов менаџер на англискиот Ливерпул.

На 29 ноември во Дизелдорф Владимир Кличко беше поразен на поени од Британецот Тајсон Фјури и ги загуби светските титули во тешка категорија на четири федерации.

Show More

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button
IPON