АктуелноМеѓународна сценаММА

Брајан Ортега: Бев во несвест 30 минути поради тешко симнување на килажата во Шангај

Поранешниот предизвикувач за титулата во УФЦ, Брајан Ортега, призна дека поминал низ критичен момент за време на подготовките за борбата против Алџамејн Стерлинг на УФЦ Фајт најт 257 во Шангај.

Ортега (16-5 ММА, 8-5 УФЦ) првично требаше да се соочи со Стерлинг (20-5 ММА, 17-5 УФЦ) во перо категорија, но поради екстремни тешкотии при намалувањето на тежината, борбата беше преместена во лесна категорија (до 70 кг). Американецот влезе во рингот во сериозна состојба и загуби со едногласна одлука.

Подоцна стана јасно дека за време на губењето тежина, тој паднал во несвест околу половина час и се разбудил во итната помош.

Во четврток го почнав симнувањето на тежината. Околу полноќ продолжив до 8 часот наутро. Ми останаа уште 1,7 кг и не можев да разберам зошто моето тело задржува вода. Решивме да се потрудиме посилно, облековме најлонски одела, возев 20 минути на стационарен велосипед, а потоа ја изгубив свеста. Бев во несвест околу 30 минути. Се разбудив во итната помош, не можев нормално да зборувам, се чувствував целосно збунето. Сепак, стигнав до вагата, иако изгледав како дух“, рече Ортега на Инстаграм.

И покрај предупредувањата дека веќе има резервен противник за Стерлинг, Ортега инсистираше на борба.

„Алџо ми рече: „Не грижи се, имаат замена“, но јас реков: „Не сакам да ти го губам времето“. Излегов во октагонот од две причини – една, за моето семејство, бидејќи тоа е мојата работа. И втора, за навивачите. Сè во моето тело ми кажуваше да се откажам, но излегов“, објасни тој.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON