Бошко Заборски: Гранд при Кроaција беше добра контрола пред Европското првенство

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски е задоволен од настапот на неговите каратисти на Меѓународнио турнир Гранд при Корација во Самобор, Хрватска, на кој  Стефан Стојановиќ јуниори -76 кг и Марија Петровска јуниори -48 кг освоија бронзени медали.

„Овој турнир е сигурно најмасовен и најквалитетен турнир за младите возрасни категории. Посебно се квалитетни составите во кадети, јуниори и постари јуниори. Бидејќи ова е последна проба и контрола пред официјалното Европско првенство, кое треба да се одржи во Будимпешта Унгарија. Затоа во Хрватска допатуваа 22 национални репрезентации со своите комплетни пошироки состави. Ние освоивме две бронзени медали и поради тоа сме секако задоволни“, изјави Заборски.

На турнирот учествуваа рекордни 1.930 натпреварувач од 268 клубови и 22 национални репрезентации.

Стефан Стојановиќ до медалот стигна со пет победи и еден пораз во полуфиналната борба. Стојановиќ ги победи Хусеин Хусеинзаде 5-0, Арис Николас Цела 3-2, Михаило Улијанитски 1-0, Махир Џухо 2-0, во полуфинале загуби 1-5 од Бетим Малиќи, а во борбата за бронзата (репасажот) го  совлада Матео Фиоре 2-1.

Освојувачи на медали во категоријата на Стефан Стојановиќ.

Kumite – Juniori -76

1.DANYLO KRAVCHUK, UKRAINIAN KARATE FEDERATION 2.BETIM MALIQI, Kosovo Karate Federation
3.ALEKSANDAR KALABIĆ, KK SOKOL
3.STEFAN STOJANOVIC, MAKPETROL

Марија Петровска имаше одличен настап, вели Заборски, и се наметна како спортистка на која може да се смета дека на европското првенство ќе се замеша во борбите за висок пласман или медал. Петровска славеше против Хумар Алибајова 4-1, Вероника Витали 4-3, Ирен Христова 1-0, од Полина Марченко е поразена 0-8, во репасаж ја победи Емина Сиповиќ 5-0.

KUMITE-JUNIORKE

Kumite – Juniorke -48
1. POLINA MARCHENKO, UKRAINIAN KARATE FEDERATION 2. KRISTINA TSVETANOVA, Bulgarian National Karate Federation 3. TAMARA GRČIĆ, Karate Federation of Serbia
3. MARIJA PETROVSKA, MAKPETROL
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON