Откако македонските каратистки обезбедија борба за бронзениот медал на Светското универзитетско првенство во Брага-Португалија, а претходно Наташа Стефановска и Симона Заборска се пласираа во финалето во нивните категории, додека Сара Радичевска со обезбеди борба за бронзен медал, се огласи селектоорт на универзитетската репрезентација Бошко Заборски.
„Во нашата досегашна карате историја за прв пат еден женски тим од Македонија на Светско првенство успева да добие шанса да се бори за бронзениот медал. Имавме многу тешка група, но девојките уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите светски тимови. Успеавме да елиминираме три големи состави на Англија, Словачка, Мексико и загубивме од Египет.
За бронзениот медал ќе се бориме со Норвешка. Јас сум голем оптимист дека и Норвешка ќе биде совладана. Атмосферата во тимот е одлична, девојките имаат голема самодоверба, а тоа е најважно. Да ве потсетам само дека овој тим неодамна на Европската универзијада која се одржа во Загреб минатиот месец се стана европски вицепрвак и го освои сребрениот медал. Ако сега успееме да го освоиме и бронзениот медал од Светското првенство, имињата на овие девојки ќе бидат запишани во македонската карате историја со големи букви. За тимот настапуваат Симона Заборска, Наташа Стефановска , Сара Радичевска и Моника Стефановска сите членки на Карате клубот Макпетрол од Скопје“, изјави Заборски.
Денеска Симона Заборска -55кг и Наташа Стефановска -61кг имаат борби за златниот медал, додека пак Сара Радичевска – 50 кг, ќе се бори за бронзениот медал.
Резултати:
Македонија – Мексико 2-1
Македонија – Словачка 1-0
Македонија – Египет 0-1
Македонија – Англија 2-1 – репасаж
Ipon.mk/В.Д.