Каратистите на Макпетрол имаа успешен настап на најсилниот европски турнир, кој викендов се одржа во Самобор, Хрватска, вели тренерот на клубот Бошко Заборски, откако неговите натпреварувачи освоија два сребрени и еден борнзен медал во У-21.
„Најдобриот македонски млад спортист за 2017, на самиот старт на новата година ја започна со медал. Имено репрезентативецот Петар Заборски (-75 кг, постари јуниори У21), го освои сребрениот медал на силниот меѓународен турнир „Гран при Кроација 2018“. Тој до медалот стигна со четири последователни победи и еден пораз на судиско изјаснување при резултат во регуларниот дел 0-0. Во првото коло го совлада Пасквале Гриманд од Италија со резултат 1-0, а во второто Денис Садиковски од Латвија со 8-0, во третото беше поуспешен од репрезентативецот на Азербејџан, Руслан Ахмадов, кого го победи со предност на прв земен поен при резултат 2-2. Во полуфиналето славеше против Љубош Џачовски од Словачка 1-0. Петар во финалната борба загуби од Црногорецот Никола Маловиќ на судиско изјаснување при резултат од 0-0“, објаснува Заборски.
За репрезентативката Моника Пендаровска која го освои сребрениот медал (-55 кг, постари јуниорки У21) нејзиниот тренер вели дека стигнала до финалната борба победувајќи ги Викторија Розева од Бугарија со резултат 7-0 во втортото коло бидејчи во првото била слободна, пототоа славела над Алтај Алиева од Азербејџан со судиско изјаснување при резултат 0-0, во полуифиналето ја совлада Италијанката Цинција Брогнери со убедливи 5-0 и во финалната борба загубила од Кристина Вица од Латвија со 0-2.
Репрезентативка Анѓела Мојсовска го освои бронзениот медал во (-68 кг, постари јуниорки У21) со победите над Петра Брлечиќ од Хрватска 6-1, во второто коло загуби од Марина Радичевиќ од Србија со 3-4, иако цело време водела до крајот на борбата. Во репасажот ја победува Нора Вирак Хорват од Унгарија 1-0, а во борбата за медал ја совлада Лаура Зантис од Луксембург со убедливи 3-0.
„Ова беше многу силен натпревар и претставуваше последна контрола пред Европското првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец февруари во Сочи, Русија. На турнирот имаше државни репрезентации и каратисти од 23 европски држави кои дојдоа во Самобор да ја контролираат својата подготвеност.
Нашите најдобри млади каратист Петар Заборски, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска на овој турнир покажа добра подготвеност и голема зрелост. Имаа по пет борби и во моментов можевме да согледаме во кои делови од нивната подготвеност треба да направиме корекции за да бидат исто така успешни и на претстојното Европско првенство. Поради сето тоа, јас сум многу задоволен од нивниот настап. Сега останува во следниве 20-тина дена, да ја подигнеме формата кај сите наши спортисти и да ги испратиме максимално подготвени на европското првенсто во Русија. Следната недела повторно заминуваме во нашата зимска база во Маврово, а потоа тие ќе заминат на овогодишното за нив најзначајно натпреварување, додека сениоркиот тим заминува за Париз, Франција на турнир од Карате 1 Премиер лигата“, изјави Заборски
Во Хрватска учествуваа 1780 спортисти од 23 држави.
Ipon.mk