Боксерскиот сојуз на Косово (БСК) е примен во Светската боксерска федерација (ИБФ), изјави генералниот секретар на БСК, Мехмет Богујевци, поранешниот боксерски ас на СФРЈ.
„Примени сме со полноправно членство во СБФ“, рече Богујевци за приштинските медиуми.
Одулката за приемот на Косово во ИБФ е донесена на Конгресот на Светската боксерска федерација во Јужна Кореја, на кој за приемот гласале сите претставниците на сите сојузи, освен на Србија, како што јавуваат приштинските медиуми, која била воздржана.