Ник Њуел, борец со една рака, кој во борба за ВСОФ/WSOF доста ја испоти младата ѕвезда на УФЦ Џастин Гејчи.
Поранешен кандидат за титулата во ВСОФ (World Series Of Fighting) и шампион во лесна категорија на XFC (Xtreme Caged Championship), Ник Њуел го заврши пензионирањето и по две години надвор од спортот потпиша договор со борбената организација ЛФА/LFA (Legacy Fighting Alliance). Њуел има вродена ампутација на левата рака од лактот надолу, но се бори против очекувањата во текот на целиот живот.
Ник многумина го сметаа за мотивирачка фигура, не само за ММА заедницата, но и за голем спектар на луѓе кои имаа слични недостатоци како неговите.
Во видеото подолу ќе видите моменти од единствениот пораз на Њуел до денес – онаа на Џастин Гејчи.
https://youtu.be/u7aeNXoCJLE
.