Моисеев нокаутиран со хај кик на Кунг фу светското првенство (ВИДЕО)

Antoli Moiseev kung fu SP

Во кинескиот град Нингџианг на 24 и 25 јануари се одржува првото кунг фу Светското првенство.

На настанот се одржуваат кунг фу, ММА и савате про мечеви, а наградниот фонд е повеќе од 4 милиони евра кои ќе го поделат победниците во шест тежински категории во кунг фу и две категории во савате про и ММА.

Kung-Fu World Cup 2017

Во полуфиналето на савате про турнирот до 75 килограми Французинот Мохамед Диаби со хај кик (висок удар) во втората рунда го нокаутираше борецот на Глори Анатолиј Моисеев (борбата започнува на 44:00).

Во второто полуфинале Кинезот Мијао Ченглеи го елиминира италијанско-мароканскиот борец Мустафа Хаиду.

Во борбата за ММА титулата до 77 килограми поранешениот К-1 борец, Оле Лаурсен, во првата рунда го нокаутира Французинот Чеик Коне. За победата доби 38.000 евра (оваа борба е последна во преносот).

Резултати 24 јануари:

Савате про турнир – 75 кг

Мохамед Диаби – Анатолиј Моисеев (КО, Р2)

Миао Ченглеи – Мустафа Хаида (едногласна одлука на судиите)

Свате про турнир – 80 кг

Андреј Чехонин – Никола Гало (едногласна одлука на судиите)

Мехди Кога – Јанг Јингјуе (ТКО, Р2)

ММА

Аорикиленг (Кина) – Макс Леали (САД) ( едногласна одлука на судиите)

Кевин Петши – Џејсон Патрик Кливленд (сабмишн, Р1)

Франческо Нуци – Веи Ченгјин (сабмишн, Р1)

Борбата за титулата – 77 кг

Оле Лаурсен – Чеик Коне (ТКО, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО