Борецот на УФЦ, Дезмонд Грин, е уапсен поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртоносни последици.
29-годишниот Американец е уапсен во понеделникот со обвинение по дури 20 точки.
Грин предизвика сообраќајна несреќа на автопатот во Флорида во август минатата година. Со неговиот „доџ дуранго“ му пресече пат на камион со приколка и предизвика верижен судир, вклучувајќи уште две возила.
Силината на ударот преврте едно возило во кое смртно страдаа 67-годишна и 76-годишна жена, додека возачот беше тешко повреден.
Грин и другиот возач се здобија со полесни повреди.
Возачот возел без важечка дозвола, бидејќи му бича одземена поради претходен прекршок. Сведокот го видел како излегува од возилото и фрла метален предмет.
Полицаецот кој не бил на должност, но се нашол во близина го пронашол предметот, кој се покажа покажа дека бил дробалка за марихуана. Полицаецот забележал дека борецот бил шокиран и додрека го прегледувал возилото на видливо место видел вреќичка со „бел прав“. Супстанцијата е тестирана, при што се констатирало дека тоа е кокаин.
Полицајците на местото на настанот изјавиле дека Грин и мирисал на алкохол. Токсиколошкиот наод покажа дека борецот на УФЦ е позитивен на канабис и има ниво на алкохол во крвта од 0,14 проценти.
Во обвинението се наведени две точки за убиство без умисла, четири точки за возење под влијание на наркотици и нанесување на тешки телесни повреди, поседување на кокаин, пет точки за предизвикување штета и возење со невалидна возачка дозвола.
Борецот на УФЦ е задржан во притвор во округот Броуворд на Флорида. Одредена му е кауција од 194.000 долари.
Грин се бореше два пати оваа година и ги победи Рос Пирсон и Чарлс Џорден.