Руслан Магомедов (14-1, 3-0 УФЦ) е првиот УФЦ борец кој доби доживотна забрана за настап.
Казната му ја изрече Антидопинг агенцијата на САД (УСАДА) заради третиот пад на допинг-тестот.
32-годишниот Русин прв пат е суспендиран во септември 2016 година, затоа што бил позитивен на остарин. Неговата казна истече во септември 2018 година.
На Магомедов сега му е изречена доживотна забрана откако беше позитивен на метилтестостерон и стероидот станзолол во октомври 2018 година, и затоа што на 5 февруари оваа година одби да даде примерок за анализа за време на ненајавеното тестирање, а што се смета признавање на вината.
Рускиот тешкаш победи со судска одлука во сите три битки во УФЦ – против Виктор Пешта, Џош Коупленд и Шон Џордан. Во текот на неговата кариера го победи и поранешните шампиони на УФЦ Тим Силвија и Рико Родригез.
Ако ја решиш ситуацијата со договорот со УФЦ и добие раскин, Магомедов може да продолжи да се бори надвор од САД.
https://www.youtube.com/watch?v=l8NAfDc0l-k
.