ММА борецот Арон Рајмен е убиен во понеделникот вечерта во својот дом во Бока Ратон, Флорида.
25-годишниот борец е убиен за време на кавга со неколку мажи кои влегле во неговиот дом и испукале најмалку еден истрел во него. Канцеларијата на шерифот објави дека се уште не го знае мотивот за убиството.
Рајмен тренираше во Америкен топ тим од 16-тата година. Првата професионална борба ја направи во 2014 година и имаше сооднос 2-2, а 8-1 како аматер.
Членката на УФЦ, Тесија Торес, преку Инстаграм се опрости со Рајмен.