Борењето го врати натпреварувачкиот дух, но мора да се менуваат некои работи и навики

Државното изборно превнство во Штип го извлече максималниот број на борачи со кои располагаат клубовите во Македонија, со исклучок на 5-6 борачи. Ова придонесе да гледаме интерсни борби кои секогаш се мамка за гледачите. Посетители имаше, но ќе мора да се размислува сениорските борби да бидат во посебен ден, за да може да се задржи вниманието на гледачите, инаку 6-7 часа никој нема да следи натпревари, а е заморно и напорно и за самите спортисти.

Шампиони добија Лирија, Балканец, Бучим, Чаир и Вардар (сениори,мажи), при што еден дел од нив се млади борачи, додека другиот се искусни на кои можеби се при крајот на своите кариери. И новите клубови добија свој дел од колачот, како Чаир кој се засили со борачи од Тефејуз, Олимпија – поранешни натпреварувачи на Балканец, Бучим Шампиони од Бучим, а и 7 Мај. И борачите од Кичево кои се бореа под закрила на ФБСМ воопшто не разочараа.

Сигурно на посетноста на првенството влијае и стабилната состојба на клубовите и на ФБСМ и самопрегорноста на неколку новинари.

Од друга страна, пријавување на условно натпреварувачки само за мерење не е перспектива за женското борење, посебно не ако се атлетичарки, бидејќи од сликање и блефирање нема фајде.

Кадетите, кои и мината година се докажаа на душекот, го покажаа таленот и не разочараа, туку порачаа дека со нив мора сериозно да се работи, ако сакаме да добиеме добри борачи.

Радува воведувањето на видео технологијата, но ќе мора да се работи на софтевсрко решени за брзо жербување и сифрлање на резултати, за да и биде олеснета работата на сите, и на технчиките лица и на борачите и тренерите, но и на новинарите. Забележливо беше дека судиите и тренерите ќе мора да посетуваат семинари за совладување на новите правила, како што работи целиот свет.

Како и да е, ова е добар почеток за наредок и достигнување на зацртаните цели, однсно борењето да оди во нагорна линија до успех.

Резултати 
Сениори
57 кг
1.Минир Реџепи – Лирија
2.Џан Демиров – Балканец
3.Халид Османи – Лирија
3.Амар Мурат – Тефејуз

61 кг
1.Владимир Егоров – Балканец
2.Фати Вејсели – Лирија
3.Елмедин Сејфулаху – Лирија
3.Леонардо Насески – 7 Мај

65 кг
1.Ријад Реџепи – Лирија
2.Иван Јанев – Бучим
3.Орхан Џафери – Лирија
3.Фуркан Јаја – Тефејуз

70 кг
1.Раиф Камбери – Лирија
2.Влатко Јованов – Бучим
3.Александар Здравев – Бучим
3.Астрит Исмаили – Лирија

74 кг
1.Бехар Мамути – Чаир
2.Омер Сејфулаху – Лирија
3.Беслим Муртезани – Лирија
3.Фиданчо Јованов – Бучим Шампиони

79 кг
1.Дејан Митров – Балканец
2.Петар Тодев – Олимпија
3.Фуат Ќаиловски – Лирија
3.Бајрам Хајдари – Тефејуз

86 кг
1.Горан Атанасов – Бучим
2.Бунјамин Нуиши – Тефејуз
3.Столе Ефтимов – Лирија
3.Увејз Фејзулаху – Лирија

92 кг
1.Бобан Савев – Балканец
2.Кадир Камбери – Борец
3.Рамадан Мустафовски – Чаир
3.Самир Ибраимовски – ФБСМ

97 кг
1.Магомедгаџи Нуров – Вардар
2.Рамазан Бакија – Лирија
3.Влатко Зајков – Бучим Шампиони
3.Шукри Асани – Тефејуз

125 кг
1.Александар Стојанов – Бучим
2.Орхан Имери – ФБСМ
3.Мите Здравев – Бучим
3.Михаил Николов – Олимпија

сениорки
48 кг
1.Стефанија Христовска – Вардар
53 кг
1.Ерика Крстевска – Вардар
55 кг
1.Ребека Василевска – Вардар
50 кг
1.Марија Стојановска – Вардар
2.Марија Кузмановска – Вардар
57 кг
1.Исидора Несторовска – Вардар
2.Лира Сеидиу – Вардар
62 кг
1.Билјана Дамчевска – Вардар
65 кг
1.Мартина Вељановска – Вардар
2.Тамара Игнатовска -7 Мај
68 кг
1.Марија Рангелова – Вардар

Кадети
41-45 кг
1.Бесир Алили – Лирија
2.Зулчуфли Асани – Тефејуз
3.Ненад Панов – Балканец
3.Стефан Штерјов – Балканец

48 кг
1.Аид Салихаси – Тефејуз
2.Реџеп Поцеста – Лирија
3.Мухамед Феруку – Лирија
3.Окан Мамудов – Балканец

51 кг
1.Идриз Идар – Чаир
2.Дарио Димитров – Балканец
3.Албан Хаки – Тефејуз
3.Харбин Синани – Дрвен

55 кг
1.Мухамед Исмани – Чаир
2.Ваљон Бајрами – Лирија
3.Омер Ибраими – ФБСМ
3.Едон Цаколи – Тефејуз

60 кг
1.Филип Тасев – Балканец
2.Аќиф Азизи – ФБСМ
3.Елведин Фета – Лирија
3.Стефан Димитров – Бучим

65 кг
1.Давид Мишев – Балканец
2.Фадил Назифов – Балканец
3.Ридван Љатифи – Лирија
3.Арсим Беќировски – Студеничани

71 кг
1.Реџеп Хајдари – Тефејуз
2.Благој Спасов – Олимпија
3.Филип Стојков – Балканец
3.Мурис Цановиќ – Борец

80 кг
1.Адем Асани – Тефејуз
2.Стефан Јованов – Бучим
3.Агон Селими – ФБСМ
3.Сакип Мемеди – Лирија

92 кг
1.Јусуф Пајазити – Тефејуз
2.Петар Костов – Балканец
3.Николче Атанасов – Бучим

 110 кг 
1.Волкан Амедов – Бучим

кадетки
55 кг
1.Олгица Коцева – Безбедност
65 кг
1.Бојана Лазаревска – Безбедност 
Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON