Борецот без нозе сака да освои титула во ММА

Зион Кларк нема нозе, но тоа не го спречи да дебитира во ММА и да победи.

Пред неколку дена Кларк учествуваше на настанот Гладиjатор чалинџ: Сизан’с битс кој се одржа во Сан Диего. Противник му беше борецот Јуџин Мареј, кој има скор од 0-4 во ММА. Кларк победи со едногласна одлука.

Зион е роден со редок вроден дефект наречен каудален регресивен синдром, нарушување што го спречува развојот на долната половина од телото. Состојбата се јавува кај 1 од 60.000 живородени деца.

Тој е сериозно исполнет од неговото успешно деби и има намера да ја освои титулата во ММА.

„Сакам да стигнам до врвот. Сакам ММА појас. Но, сега за сега, прво морам да стигнам таму.

Морам да се фокусирам и да учам“, изјави Кларк за ММА Фајтинг.

Кларк има 33-15 во борење, а сега 1-0 во ММА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zion Clark (@bigz97)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON