Борец на Белатор паднал во кома за време на тренинг

Поранешниот борец на УФЦ, Чаел Сонен, откри вознемирувачки информации за ММА борецот Крис Ленсиони, кој е негов пријател.

Ленсиони има добиено 4 последователни борби и има скор од 11-3 како професионален ММА борец. Во Белатор има 6 победи и 2 порази. Крис треба да се бори со Џејмс Галагер на 11-ти август на Белатор 298. За жал, 28-годишниот борец е во кома и моментално се бори за живот.

Ленсиони наводно се онесвестил за време на тренингот како подготовка за неговиот меч. Ова довело до итен повик за итна медицинска помош. Ленсиони бил итно префрлен во болница каде бил во кома изминатата недела.

Ситуацијата загрижи многумина за неговата благосостојба и потенцијалното влијание врз неговиот живот и кариера. Сонен е близок пријател на Ленсиони и останува со надеж за позитивен исход. Чаел ги повикува сите да се молат за Ленсиони.

„Крис почна да тренира во нова сала.

Луѓето во салата повикаа 911 и дојде брза помош. Крис не се освестил. Тие повикале брза помош и го однеле во болница. Тоа беше пред една недела. Крис е во болница, не се освести“, сподели Сонен.

И покрај моменталната неизвесност, медицинските работници уверија дека виталните знаци на Ленсиони се стабилни. Точната причина за губење на свеста останува неоткриена. Фокусот сега е на будењето на Ленсиони и последователната проценка на неговата состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON