Борче Талевски:„Силниот и многу сигурен противник Иван Глухак се исплаши од мене“!

Mладиот битолчанец Борче Талевски викендов (26 февруари) требаше да се бори со иксусниот хрватски ММА борец, Иван Глухак, на настан во Словенија, но тој ја откажа борбата.

Талевски ја крена на нозе јавноста во регионот по победата на искусниот Хрват Ивица Трушчек на МФЦ во Загреб минатиот месец.

Силниот и многу сигурен противник Иван Глухак се исплаши од мене. Таквите борци ги нарекувам кукавици или пи..и што бегаат и што одбират противници. Јас прифаќам борба со којбило противник во кое било време. Иван Глухак е само глумец и ги наоѓа најслабите клошари, противниците со кои се има борено. Знаеше дека ќе му ја скршам главата и дека ќе биде нокаутиран. Од страв ја откажа борбата оти не бил подготвен. Не дека не е подготвен, туку е голема пи..а“, луто регаира Борче Талевски по откажувањето на борбата од страна на Глухак.

Борче вели дека продолжува напред и иако е помал од него, го предизвикува во кафезот да се појави и да се соочи со него.

„Ќе му треснам главата на подот! Кога сака и каде сака прифаќам борба, само да ги расчистиме сметките. Овој момент го користам да кажам дека сум доволно подготвен и дека ќе излезам и во бокс и во кик бокс, само чекам вистинска прилика и вистински турнир во Македонија и во странство“, истакнува Талевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON