Борче Талевски на 11 март ќе настапи на до сега најсилниот настан во неговата кариера ФФЦ 28 во Атина, Грција, налсовен како „Грција против остатокот на светот“. Тој ќе се бори против Гркот Андреас Михалидис.
Ова е изненадување, ако се змае дека веќе пред еден месец беа избрани борците за настап на овој настан на кој ќе настапи уште еден битолчанец, Ристо Димитров.
„Поканата дојде од Емил Казаков, тренер на Живко Стоименов (двјацата се од Бугарија-н.з.) кој на 24 март во Софија има борба. Бараа борец, се понудив јас, но тие не прифатија да се бори со мене. Ме упатија во ФФЦ, а поканата ја добив во понеделникот. За 2 дена симнав 7 килограми за борбата во Грција“, раскажува Борче Талевски за тоа како дошла поканата од ФФЦ.
За така млад натпреварувач како тебе, ова е убедливо најсилниот натпревар во најсилната европска прмоција. Имаш ли трема од сево ова?
„Иако е многу исрпувачки, сепак, јас не се откажувам и одам напред, за да го дадам максимумот. Јас сум првиот Македонец кој на 18 години со стапнува во толку јака лига и со толки силни противници.
За кратко време ти се собраа многу борби. Нели е ова оптоварување за тебе?
„Со ова прифаќање на борбата во ФФЦ, на само три дена пред мечот докажувам дека не се плашам од никого и ќе го прифатам секој предизвик да влезам во кафезот. Не, апсолутно не ми е товар да се борам. Се чувтсвувам исто како на тренинг, за мене тоа е природна работа да се борам секоја недела. Мојот живот го посветив на создавње нови нешта, докажување за надприродното, кое другите не го можат. Го можат само оние кои со искрено срце и љубов, пред се, се борат во кафезите“.
Што знаешза противникот и што очекуваш?
„Очекувам добра борба, иако беше исцрпувачки да симнам 7 кг за три дена и да ја задржам килажата. Но ќе прикажам квалитетна борба. Очекувам и договор со ФФЦ, потоа ќе следи моето докажување. Моето верување ќе се оствари, еден ден ќе бидам шампион во УФЦ. Очекувам поддршка од македонска страна, ветувам дека ќе имам квалитетна борба. Моите спонзори се мајка ми и татко ми, зато што не добиваме никаква помош и покрај сиот клупски успех“.
Ipon.mk/В.Д.