По успехот во Загреб побарувачката за младиот битолчанец во регионот расте, откако веднаш по МФЦ беше договрена борба на ММА настан во Вршац, Србија, на 17 март против Кртсо Букумириќ, Борче Талевски договори меч и против искусниот хрватски борец, Иван Глухак, на 26 февруари во Словенија.
Дали ова значи дека Хрватите сакаат освета за поразот на нивната ѕвезда Ивица Трушчек, кој беше поразен од Талевски на Муња фајтинг чемпионшип во Загреб на 11 јануари, што одекна како бомба во регинот.
Да потсетиме дека борбците на ММА Професионал нинџа тим од Битола, Борче Талевски и Блаже Дардов на 17 март ќе го покажат својот талент и пред српската публика во Вршац.
Блаже Дардов, кој за 4 секунди го нокаутира противникот на МФЦ, ќе се бори против Марко Радаковиќ во категоријата до 77 кг, а Борче Талевски (-84 кг) ќе се бори против Крсто Букумириќ.
Ipon.mk/В.Д.