Европското првенство во таеквондо за сениори во олмпикси категории на Македонија и донесе уште еден медал кој го освои Дејан Георгиевски. Тој во категоријата над 80 килограми го освои сребрениот медал, на кого за влакно му избега второто злато.
За ЕП и она што следи во 2021 година разговаравме со селекторот и најзаслужниот човек за успехот на Дејан Георгиевски и останатите репрезентатривци Борче Костовски.
Како го оценувате настапот на нашите репрезентативци на Европското сениорско првенство во олимписки категории?
-Прво поздрав до вашата редакција која секогаш не следи во нашите спортски авантури и благодарност за честитките кои доагат од сите страни од нашата Македонија, но и од таеквондо јавноста во Европа. За историското сениорско сребро на Европско првенство освоено од Дејан Георгиевски.
Што се однесува до настапот на Евроспкото првенство во Босна и Херцеговина и до тоа дали сум задоволен. Би рекол да, со тоа што тоа е само спорт кој сам по себе наметнува дека никогаш не треба да сме задовлони од ситуацијата, но и не треба да сме неблагодарни од постигнатото. Добро е кога има корелација помеѓу овие две тежишта.
Како му избега второто злато на Дејан Геогргиевски?
-На вашето прашање „како му избега вторто злато на Деки“ со мала воздишка ќе кажам водевме и со 7 поени разлика, што пред крај на борбата, 20 секунди во таеквондо е тешко да се истопи, но златото ни беше земено, секако, заслужено. Во тие моменти на жар и желба победи нашиот противник, иако цело време ние ја водевме бодовната разлика и наметнувавме темпо низ целата борба.
Тоа беше најгледана и најинтересна борба во текот на целиот ден, општо од сите борби. За момент добив впечаток дека цела сала дише во ритамот на борбата.
Запреа сите борилишта да го видат крајот, затоа што набојот на татамито беше со висок интензитет, баш витешки.
А Дејан го прифати тоа, би рекол како му доликува на Македонец, јуначки.
Што значи среброто на Дејан за македонското таеквондо?
-Што значи среброто за македонското таеквондо? Јас би додал, рамките на македонското таеквондо се пробиени веќе поодамна. Дејан и неговите клупски и репрезентативни другари се носители на спортот во Македонија воопшто.
Ова високо одличје на Дејан потврдува дека е во самиот европски крем. Нема двоумење околу тоа. И, исто така, таеквондото како носечки спорт во Македонија.
Во мај во Софија се олмписките квалификации. Како ќе се подготвуваат нашите репрезентативци за овој исклучителен настан кој може да прерасне во историски за македонското таеквондо?
-Од квалификациите за летните Олимписки игри во Токио 2021 година ќе донесеме радост дома. Со Господ напред. Таму не се работи за таеквондо, ниту за нешто друго, мотивот е Македонија. Нашите Дејан,Филип и Марија ќе дадат се што треба така да биде.
Резултати
+80 кг
Дејан Георгиевски – Андреј Гарбар (Украина) 11-4
Дејан Георгиевски – Динко Шегедин (Босна и Херцеговина) 12-7
Дејан Георгиевски – Рос Даниел (Шпанија) 11-4
Финале
Дејан Георгиевски – Махди Кобадбакши (Србија) 18-19
-80 кг
Филип Додевски – Чикоте Хавиер (Шпанија) 9-22
-67 кг
Анамарија Георгиевска – Теодора Митровиќ (Црна Гора) 20-2
Анамарија Георгиевска – Сесилија Кастро 16-4
Ipon.mk