Борче Костовски: Дејан Георгиевски секоја борба ја изработи од срце (ФОТО)

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во таеквондо на Медитеранските игри во Шпанија, за што кај селекторот Борче Костовски има место за задоволство.

Денес татамито гореше во Шпанија, не толку од врелото шпанско лето, туку од срцето на нашиот  борец, вели селекторот на таеквондо репрезентацијата Борче Костовски и додава дека секоја борба ја изработил од срце.

„Го добивме Италјанецот со 2 нокдауни. Чудо е како преживеа по една цела канонада на удари. Го добивме Словенецот кој е голем мајстор во таеквондо спортот и актуелниот ноистел на бронзениот медал од последното Светско првенство. Го победивме и Французинот и се реванширавме за поразот на ЕП во Казан, Русија, оваа година. Во походот на златниот медал не спречи Шпанецот кој денес изработи подобро и му честитаме на победата. Се надевам на скорешна средба со истиот“, констатираат селекторот Борче и тренерот Дарко Костовски и додава дека се собрани поени за Олимписките игри 2020 во Токио,Јапонија, како и  искуство. Ова е само еден дел од патот за оставрување на целта.

Резултати
+80 кг
Дејан Георгиевски – Матео Милани (Италија) 24-13
Дејан Георгиевски – Иван Конрад Трајковиќ (Словенија) 30-28
Дејан Георгиевски – Јоан Алексанре Мианг (Франција) 19-18
Финале
Дејан Георгиевски – Даниел Рос Гомез (Шпанија) 9-24 (0-6, 6-8, 3-10 и 0-0)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON