Се уште непоразениот во лесно-тешкаш, Артур Бетербиев, ќе се врати на рингот на 23 декември, застанувајќи против актуелниот шампион на Латинска Америка на ВБЦ, Исидро Ранони Прието. Средбата ќе се одржи во Канада, а мечот веќе е наречен „битка на нокаутерите“.
31-годишниот Бетербиев има десет победи од десет средби, а сите се извојувани со нокаут. Во текот на годината немаше борби поради повреда на рамото, заради што не учествуваше во елиминациите за меч со неговиот сонародник Сергеј Ковалев. Во јуни се врати во рингот, победувајќи го Езекил Освалдо Мадерна.
Во 2009 година Артур Бетербиев стана светски шампион за аматери, а на аматерскиот ринг забележа победа против уште младиот Срегеј Ковалев. Потоа, и на профи рингот Русинот ги нокаутира сите десет противници.
Неговиот противник Исидро Ранони Прието од Парагвај е боксер, кој може да се пофали со успешна кариера на територијата на Латинска Америка. Тој немаше пораз до првиот дуел надвор од Јужна Америка, кој Прието го загуби против Елеидер Алварез во Монтреал во 2015 година. Прието има 26 победи на професионалниот ринг, а 22 од нив се со нокаут.