Македонската репрезентација во борење слободен стил до 17 години (У 17) ќе настапи со 7 борачи, 5 момчиња и 2 девојчиња, на Европското првенство во Букурешт, Романија.
Денес е мерењето и жребувањето за девојки, а за Македонија ќе ја претствуваат Марија Неделковска (57 кг) од Вардар и Марија Цветанова (53 кг) Балканец .
Тенерите Горан Стојанов и Ангел Стефанов со добар жреб и добри борби очекуваат висок пласман.
Во машка конкуренција ќе не претставуваа: 51 кг Стојанче Стојков, 55 кг Мехмед Исеинов, 60 кг Арбен Сеиди, 71 кг Харбин Ахмети, 80 кг Шаќир Бислими и 92 кг Илија Атанасов. Нивните борби започнуваат на 17 јуни.
Тренери се Горан Стојанов и Горан Атансов.