Дел од женската екипа на Боречкиот клуб „7 Мај“ кои престојуваат на подготвоки во Стара Загора, Бугарија, викендов ќе настапат на Меѓународниот турнир за деца и девојчиња „Динко Петров“.
Па така, на турнирот ќе настапат Ангела Трајкоска, Тамара Цветкоска, Деспина Богеска, Анабела Стојаноска и Елена Дејкоска под раководство на тренерите Теодор Темелковски и Стојанчо Тушески.
Вечерва се мерењето и жребувањето со почеток во 17:00 часот.